За туризмот субвенции од 49 милиони денари

Bez autora
Aug 09 2011

Интензивниот развој на македонскиот туризам е приоритет и на новата Влада. Проектите на Министерството за економија Македонија да стане атрактивна туристичка дестинација се во пол ек. Според министерот за економија Ваљон Сарачини годинава за субвенционирање во туризмот се предвидени 49 милиони денари, а дополнителен бенефит во овој сектор ќе има и намалувањето на данокот на додадена вредност од 18 на пет отсто. Со тоа, од идниот месец, туристичките услуги ќе поевтинат и ќе се намалат туристичките аранжмани и за домашните и за странските туристи. Туризмот има огромно влијание врз економскиот развој на државата, игра активна улога во креирањето нови работни места и во привлекувањето инвестиции, го зголемува девизниот прилив и поттикнува развој на мали и средни претпријатија.

За туризмот субвенции од 49 милиони денариИнтензивниот развој на македонскиот туризам е приоритет и на новата Влада.

Проектите на Министерството за економија Македонија да стане атрактивна туристичка дестинација се во пол ек. Според министерот за економија Ваљон Сарачини годинава за субвенционирање во туризмот се предвидени 49 милиони денари, а дополнителен бенефит во овој сектор ќе има и намалувањето на данокот на додадена вредност од 18 на пет отсто. Со тоа, од идниот месец, туристичките услуги ќе поевтинат и ќе се намалат туристичките аранжмани и за домашните и за странските туристи.

- Туризмот има огромно влијание врз економскиот развој на државата, игра активна улога во креирањето нови работни места и во привлекувањето инвестиции, го зголемува девизниот прилив и поттикнува развој на мали и средни претпријатија - кажа Сарачини на вчерашната средба со претставниците на турстичките агенции.

Од новите владини мерки наменети за туристичкиот сектор се задоволни хотелиерите. Тие сметаат дека земјава успеа да се промовира како туристичка дестинација, бидејќи покрај Охрид и Струга, кои и досега беа најпосетувани од страна на странските туристи во новите туристички тури се вклучени и Струмица, Неготино, Кавадарци, Штип, Демир Капија, Кратово...

За Дончо Таневски, претседател на ХОТАМ, позитивно е што премиерот Никола Груевски покажа огромно разбирање за проблематиката и прифати 90 отсто од предлозите на туристичките работници.

- Дел од нив се веќе имплементирани на терен и даваат резултат, а доказ за тоа е приливот на странски туристи, особено во Охрид и Струга - вели Дончо Таневски, претседател на ХОТАМ и додава дека со втората мерка, каде е вклучено намалувањето на данокот ефектите ќе бидат уште поголеми. Таневски истовремено информираше дека минатиот месец хотелиерите потпишале тригодишни договори со странски туроператори.

Според хотелиерите, бидејќи еден странски турист само за ноќевање и појадок троши 15 до 16 евра, по основ на ДДВ за екстрауслуги во Буџетот, ќе се слеат девет милиони евра.

- Во Охрид моментно има пет авионски летови од Холандија што не било случај во најдобрите времиња. Најавите за следната година се најмалку шест лета, а во наредните три години целта на нашите партнери е фреквенцијата да достигне до минимум еден лет дневно - нагласува Таневски.

Сезонава преку Охридскиот аеродром се очекува да дојдат најмалку 15.000 холандски туристи и уште 1.600 гости од Финска.

Феркан Бербери од Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори смета дека со намалувањето на ДДВ ќе се зголеми бројот на туристите во земјата, ќе има и повеќе вработувања и инвестиции.

Бербери смета дека истовремено треба да се заострат критериумите, стандардите во секторот што ќе значи поголема конкуренција.

Туристичките работници вчерашната средба со ресорниот министер ја оцениле позитивно и се надеваат дека во иднина ќе се интензивира заедничката соработка. Тие доставија и конкретни предлози околу искористувањето на европските претпристапни фондови за развивање на руралниот и алтернативниот туризам.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik